Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Андријана Кеш: „Не можам да ги убедам дека не сум алчна за кеш“

Андријана Кеш: „Не можам да ги убедам дека не сум алчна за кеш“

Во новата епизода на „Нешто конкретно” тема беа предрасудите кои важат за жените. Ако не се омажила до 30 сигурно нешто и фали, ако брка кариера и е успешна тогаш сигурно мрази мажи… вакви коментари и уште многу други сигурно сте слушнале за жените кои малку повеќе отскокнуваат од она „нормалното” во нашето општество.

Тимот на емисијата на оваа тема одлучи да позборува со Мартин Трпчевски, стендап комичарката Ивана Наскова, Ирена Спасовска и Андријана Ацевска.

Дали познатиот хит „Кеш” на една од нашите најзгодни фолк пејачки дава погрешна слика за тоа каква е она вистински? Со оглед на тоа дека таа се прослави со гореспоменатата песна која беше многу остро коментирана, ја запрашавме Андријана како се носи со тоа и како им објаснува на луѓето дека она не е таа девојка за која што пее. „Ме болат коментарите кога зборат дека сум алчна за кеш, такви се луѓето мислат дека тоа што го пееш, го пееш за себе” рече Ацевска и додаде дека уште еден живот да живее нема да се убеди со народот.

Девојката која што за себе вели дека многу зборува, но и оти нашла начин како да го искешира тоа, Ивана Наскова, за својата машка публика ќе каже „ме гледаат како да сакаат да кажат што имаш ти да кажеш, ајде заиграј”. Комичарката и писателка нема проблем да биде со машко што пие коктел со цевче и носи розева кошула ако тој верува во својата машкост, а за лошите момци ќе вели дека тие се привлечни за жената се додека таа не созрее, после таа фаза се бараат фини момци.

Ирена Спасовска смета дека помладите мажи сакаат постари жени. Таа вели дека според неа жените се прави змии, а што се однесува до нејзиниот избор за мажи никако не сака златни ланци, крстови и „ноктиња”. Во однос на прашањето зошто жените сакаат лоши момци, ставот на Ирена е дека жената си е досадна сама на себе па бара нешто да и е интересно во животот, да ја размрда, да ја упропасти.

Мартин како единствениот претставник на посилниот пол одлично ја одбрани тезата дека жените самите си ги поставуваат стереотипите една на друга и затоа тие постојат.

Гледајте „Нешто конкретно” со Снеже Велков секоја недела во 17.00 часот на Телма.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Злате Мехмедовиќ: Кога жена е во ПМС, мажот треба да си пие апчиња!

Дали балканските мажи излегуваат од мода, а нивното место го заземааат современите мажи? Вечна дилема …

error: Содржината е заштитена!