Нова американска СФ серија на телевизија Телма.

Од понеделник до петок во 17.40 часот ги гледаме “Земјаните”, кои низ 20 продолженија ќе нè заинтригираат, насмеат и релаксираат.

Новинарот Ози Греам е скептичен кога истражува група за поддршка на ексцентрици кои мислат дека биле киднапирани од вонземјани – сепак колку повеќе учи, толку повеќе станува збунет, заинтригиран и заведен.

Ози на крајот ја напушта работата и се сели во Бикон за понатамошно истражување на чудните појави во градот, како и решавање на прашања во минатото поврзани со неговото можно киднапирање.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
