Почетна / Серии / Американската драма „Момците од Медисон“ во новата сезона на Pickbox
"Mad Men" - од понеделник до петок на Pickbox во 21.45 часот со реприза наредниот ден во 17.00 часот

Американската драма „Момците од Медисон“ во новата сезона на Pickbox

Сместена во ’60-тите години во Њујорк, секси, високо стилизираната и провокативна серија „Момците од Медисон“ (Mad Man), во продукција на AMC ни ги прикажува животите на суровите и натпреварувачки настроени мажи и жени од маркетинг компаните на авенијата Медисон, свет на бизнисот и суетата во кој главна цел да се постигне уметност во продажбата.


Оваа ТВ серија, која досега има освоено највисоки награди и признанија за телевизиска продукција и за глума, своите приказни и ликови ги гради на тенката линија меѓу лагата и вистината, на привидот и на реалноста. Пред неколку години, се емитуваше на Алфа, потоа и на кабловската Нова телевизија со македонски титл, а сега на Пикбокс кабловскиот канал како дел од новата сезона.


Драмата во серијата е испреплетена од конфликтите во светот на парите и од личностите што се главните двигатели на постапките од кои зависи профитот, но и судбината на многу луѓе… Дон Дрејпер е ликот околу кој се вртата сите активности во агенцијата „Стерлинг Купер Адвертајзинг“. Тој донесува важни одлуки и подига и руши соработници, партнери и клиенти во неговата канцеларија, но и во неговата спална соба.


Зад него се постојано младите колеги ајкули кои будно го следат секој негов чекор и внимаваат на секоја негова грешка за да ја заземат неговата позиција. Во таков свет правилата се само параван зад кој, всушност, се одвиваат битки без правила кои ќе ги гледате низ сите седум сезони и вкупно 92 епизоди.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Напнатата британска трилер серија „Лажго” од овој викенд на Сител

Лора е паметна и посветена наставничка, која скоро излегла од една љубовна врска и сега …

error: Содржината е заштитена!