Почетна / Телевизија / По теркот на светските телевизии, Сител ја претстави новата сезона

По теркот на светските телевизии, Сител ја претстави новата сезона

 

Програма за сите вкусови и генерации – оваа сезона на Сител

 

Сител телевизија уште еднаш најавува врвна гледаност во новата телевизиска сезона 2017 – 2018 со новите содржини кои ги промовира за престојниот период. Стандардна телевизиска програма за сите, по примерот на најгледаните балкански телевизии.

 

 

За брзо се враќаат новите продолженија на најшарените детски серии Калимеро, Винкс и Меѓи и Бјанка, како и новата сезона на турскиот хит “Парампарче”. Веќе од понеделник, 11 септември започнува новата сезона од романтичната комедија “Вљубениот ерген” чиј главен пар ги освои симпатиите и воздишките на македонските гледачи.

 

 

За доцната есен се најавува нова љубовна драма од земјата на Босфорот, во која главната улога ја толкува Бали бег. “Бескрајна љубов” е турска новела која со голем успех се прикажува во Србија, Хрватска, средна Европа и Латинска Америка. Освен неа, тука се и други приказни со најпопуларните актери од Турција.

 

 

За љубителите на музичките шоу програми, Сител ќе ја емитува најновата четврта сезона од “Твоето лице звучи познато”, како и новите сезони на домашните лиценцирани гејм шоуа “Deal or no deal” и “Ready, steady, cook” започнуваат многу наскоро.

Она што е ново за оние кои ги сакаат светските играни продукции на серии, Сител ги најавува британскиот СФ трилер “Stan Lee’s lucky man”, шпионската драма “Covert affairs” и германско австриската медицинска драма “Der Bergdoktor”.

 

 

Српскиот документарен серијал “Robna kuća” ќе ни ги претстави корените на најважните феномени од популарната култура на овие простори, а светскиот документарец “Seconds from disaster” на National Geographic ќе фрапира со факти, изјави, сведочења, симулации и анализи за најголемите светски катастрофи. 

Тука се и забавните Гинисови рекорди, како и домашните информативни изданија и контактно – едукативната утринска емисија.

 

 

Она со кое ќе се заокружи претставувањето на новата ТВ сезона е македонската играна серија “На терапија”, која започнува од 18 септември.

 

 

Со овој продукт, Сител телевизија ќе постави нови стандарди на квалитетно снимена домашна програма и ќе ја насочи призмата на гледачот кон интелигентниот концепт на серијата и маестрално изградените карактери.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Драган Николовски застанува на чело на уредништвото на МРТ 1

Со апсолутно мнозинство, програмскиот совет на Македонската Радио Телевизија на седница одржана на ден 14.10.2024 …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!