Почетна / Серии / Алфа со руска крими серија, своевремено емитувана на Телма

Алфа со руска крими серија, своевремено емитувана на Телма

Секоја сабота во 22.15 часот на Алфа телевизија ќе се емитува руската крими серија “Бригада” во 15 продолженија. Серијата е снимена во 2002 година, а своевремено беше премиерно емитувана на Телма. Во продолжение ве запознаваме со содржината на “Бригада” :

Во текот на 1989 година, Саша Белов се враќа од војната во Авганистан. За цело тоа време додека бил отсутен, животот во неговата земја Русија се изменил многу. Неговите пријатели од детството, Пчела и Космос за тоа време се претвориле во рекетари. Саша дознава дека и неговата девојка Лена исто така го изневерува. Додека ги решава проблемите со неа пред клубот во која таа работи, тој се судира со нејзиниот нов “газда“ Муха, кој има криминално досие. Роднина на самиот Муха е Каверин, висок чиновник во полицијата во Русија. Пчела и Космос го наговоруваат Саша да започне да се заниава со рекетарство, но тој постојано одбива, бидејќи се подготвува да се запише на факултет.

Нивниот последен другар, Фил заработува пари учествувајќи на натпревари на “улични борби“. На еден натпревар во самата публика е и Муха, чија цел е да го убие Саша. Избувнува масовна тепачка, каде на крајот полицијата, на чело со Каверин, го наоѓа мртвото тело на Муха. За тоа убиство е обвинет Александар Белов-Саша, кој Космос успева да го сокрие надвор од градот. Во вилата каде што престојува, Саша се вљубува во сосетката и негова идна жена Оља. Со текот на времето, Саша и неговата новоформирана “бригада“ стануваат највлијателните луѓе на црниот бизнис во Русија…

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четвртата сезона на „Шерлок“ повторно на Телма, секој петок

Од маглата одново се појавија Шерлок Холмс и доктор Вотсон за да се соочат со …