Почетна / Серии / Прајм-тајм серија: The Blacklist

Прајм-тајм серија: The Blacklist

 

ТВ Пакет ви ја претставува новата трилер серија „The Blacklist“ која вчеравечер се емитуваше на телевизија NBC. Оваа серија го означува враќањето на актерот James Spader како еден од главните ликови.

 

 

СИНОПСИС
Со децении поранешниот владин агент Raymond “Red” Reddington беше еден од најбараните криминалци на ФБИ кој има блиски деловни односи со криминалци ширум светот. Тој мистериозно се предаде на ФБИ со понуда да помогне да се фати терористот Ranko Zamani кој се претпоставуваше дека е мртов, но сака да разговара само со Elizabeth “Liz” Keen.

За Elizabeth првиот ден ќе биде кошмар; ќе следат неверојатни серии на настани со цел за запирање на терористот Zamani. Кои се вистинските намери на Raymond? Зошто избра да зборува само со Elizabeth, жена со кого се чини дека тој нема никаква врска? Можеби Elizabeth има тајни?

Но Zamani е само првиот во листата што Raymond ја има изготвено: црната листа (Blacklist) полна со политичари, гангстери, шпиони и терористи. Тој ќе помогне на ФБИ да ги фати сите нив, под услов да работи само со Elizabeth. Raymond ќе ја научи да мисли како што мисли еден криминалец и да го види „поголемиот план“, без разлика дали таа тоа го сака или не.

 

Во продолжение погледнете го промото:

 

 

 

Мите Иванов | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТВ Пакет препорака | Нова серија од авторот на „Очајни домаќинки“

Од креаторот на „Desperate housewives“ и „Devious maids“ стигна уште една серија која се занимава …