Почетна / Сапуници / Актерот Иван Босилчиќ во нова серија за „Хотел Русија“ на Алфа
Љубов, криминал и детективски игри во новата руска серија на Алфа

Актерот Иван Босилчиќ во нова серија за „Хотел Русија“ на Алфа

Секоја сабота и недела на Алфа телевизија во 20.20 часот ќе се емитува нова руска мини серија во која главната улога му припадна на српскиот актер Иван Босилчиќ, сопруг на пејачката Јелена Томашевиќ. “Хотел Русија” нè запознава со младата Ксенија, која работи како администратор во познатиот московски хотел.

Оваа дама е одговорна за приемот на гостите, нивно сместување и удобност, а гостите се во главно припадници на советската елита, политички и криминални лидери, како и странци од високи општествени сталежи.

Тој хотел е местото каде се преклопуваат различни политички и меѓународни групи, и каде не може било кој да влезе и излеззе. За да се биде гост во тој хотел, мора да имаш добро општествено влијание, но и многу труд и среќа. Затоа што големи тајни и големи договори се кријат токму таму.

Имајќи предвид дека секојдневно во овој мистериозен хотел се одвиваат борби за власт и преговори, на Ксенија нема да ѝ биде лесно да остане надвор од сето тоа. Во светот на лагите и лицемерието, таа се запознава со младиот Мануел од Никарагва, кој дошол во СССР да купи оружје.

Силна страствена врска ги спојува Ксенија и Мануел, чија љубов ќе биде доведена во многу искушенија, но ќе застане и пред тешки одлуки.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Која е свекрвата од Сителовата драма за „Девојката од прозорецот” ?

Ова е Гулџихан, свекрвата на Девојката со која се дружиме од понеделник до петок навечер …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!