Почетна / Филм / Акциите на „Антитерористичката единица“ во викенд киното на Сител

Акциите на „Антитерористичката единица“ во викенд киното на Сител

Оваа сабота и недела на Сител телевизија, акциони трилери во полноќните термини околу 23.30 часот на Сител телевизија. Првиот дел на “Црвениот телефон – антитерористичка единица” ќе се емитува во сабота по ноќните вести, а вториот дел во недела. Интернационалниот тероризам има нов непријател, а антитерористичката единица ќе мора да се соочи со опасноста која претстои за да го спаси светот од злото кое напаѓа.

Кога црвениот телефон ќе заѕвони, антитерористичката единица тргнува во акција. Создадена во тајност од страна на меѓународните конзорциуми на владите, таа претставува последна линија за одбрана од меѓународниот тероризам. Висока технологија со најголема сигурност и оружје со највисока прецизност користи тимот на Форбс во борбите кои следуваат.

Многу акција, многу адреналин и неочекувани пресврти ги очекуваат љубителите на филмската уметност овој викенд на Сител.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детски филмови за последната недела од јули секое утро на Телма

Детски филмови за последната јулска недела на Телма – 10 часот наутро. ГОЛЕМАТА АВАНТУРА СО …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!