Почетна / Телевизија / Тагата на малиот Осман

Тагата на малиот Осман

Не помина ниту една седмица откако се емитува новата серија на Сител телевизија, а истата веќе мами тага и солзи во очите на гледачите. Малиот Осман е всушност возрасен човек кој со грутка во грлото раскажува за сето она низ што минал во животот, за тагата на неговата мајка, за страдањето на неговото семејство, за тешкиот и неподнослив карактер на татко му. Осман е невино и премногу мало дете, кое наместо безгрижно да ја живее оваа доба од својот живот, тој постојано ги затвора ушите со своите мали и кревки раце за да не ги слуша расправиите кои постојано одекнуваат од нивната куќа.

 

“Бурни времиња” е всушност еден голем времеплов од животот на Осман, раскажан со зборови кои допираат до срцето на гледачот. Но ова е само почеток, пред нас е една вистиска драма!

 

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ниедна нова серија или филм во новата ТВ сезона на ТВ 24

Пред десетина години, Телевизија 24 амбициозно настапи на македонската телевизиска сцена, нудејќи им на гледачите …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!