Почетна / Забава / Евровизија / Есма и Лозано доживеаја скандал на „Евровизија“

Есма и Лозано доживеаја скандал на „Евровизија“

 

Порталот Smedia.rs открива каква непријатност доживеале Есма Реџепова и Лозано од организаторите на „Евровизија“. Се работи за големи пропусти кога станува збор за македонската делегација.

 

 

– Делегацијата на Македонија е многу незадоволна бидејќи од организацијата не доби ниту превоз, па се снаоѓа како знае и умее. Така во една прилика човек од македонската делегација го прашал возачот на „Евровизија“ да ги почека додека да заврши интервјуто на Есма. Возачот му одговорил дека не може да чека и дека најдобро би било сами да си најдат превоз. Тој на тоа одговорил: „Веројатно нема Есма Реџепова да ја сместам да се вози со градски превоз“, рекла Наталија Милосављевиќ, новинар и известувач на споменатиот портал.

Повеќе вакви моменти укажуваат на тоа дека организаторите на годинешната „Евровизија“ не успеале баш најдобро да се снајдат околу подготовките.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

14 земји откажаа учество на детска Евровизија, но наша МРТ потврди

МРТ меѓу првите се пријави за учество на детската Евровизија во Грузија оваа година. Ние …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!