Од понеделник до петок, во 11:15 часот, на првиот канал на Македонската телевизија ќе се емитува новата дневна емисија „Добро здравје“.

По примерот на Телма („Телма амбуланта“), ТВ 24 („Фактор здравје“) и Сител („Добриот доктор“), сега и МРТ 1 воведува сличен телевизиски формат посветен на здравјето. Во студиото ќе гостуваат лекари специјалисти од различни области на медицината, со кои водителот ќе разговара на актуелни теми поврзани со здравствените проблеми, превенцијата, дијагностиката и лекувањето на различни заболувања.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
