Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Секој ден по два премиерни подкасти на првиот канал на МРТ

Секој ден по два премиерни подкасти на првиот канал на МРТ

Во новата телевизиска сезона, Македонската радио-телевизија влегува во период на интензивна програмска, технолошка и организациска трансформација, со јасна определба да го развива јавниот медиумски сервис според потребите на овремената публика и динамиката на современото медиумско опкружување.

Попладневните и вечерните подкасти се нови домашни формати со кои МТВ 1 ќе се обиде да ја привлече и задржи младата публика. Подкастите ги водат познати новинари, музичари, актери, водители, автори.

Гости се личности од различни сфери на општеството, а концептот ќе овозможи подолги и послободни разговори кои можат истовремено да се емитуваат на телевизија и да се дистрибуираат во дигитален формат.

Па така, sекој понеделник, среда и петок од 18:45 следиме поткаст со Пеце и Нора …

… а вторник и четврток во истиот термин „Кај тераш?“ со Кате и Емра.

Ноќните подкасти се емитуваат по 23 часот „До полноќ“ и секој ден е резервиран за различен водител. Па така, понеделник следиме подкаст до полноќ со Топалова, вторник со Вики Чадиковска, среда со Принц, четврток со Надица и петок со Ивана Кнез.

Освен од понедленик до петок, ток шоу емисии се емитуваат и за време на викендите, како што веќе објавивме.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стартува нова сезона и од омиленото лиценцирано шоу „Сè или нешто“

Од 5 октомври (понеделник), веднаш по новата сезона од Брза кујна, следува премиерно новата 16-та …

error: Содржината е заштитена!