Почетна / Серии / Српската комедија „Мама и тата се играју рата“ на Телма навечер

Српската комедија „Мама и тата се играју рата“ на Телма навечер

Што се случува кога љубовта ќе влезе во криза, секојдневните обврски ќе станат премногу, а животот ќе покаже дека зрелоста воопшто не изгледа онака како што сме ја замислувале? Одговорот го носи серијата „Мама и тато си играат војна“, која гледачите можат да ја следат од понеделник до петок во 20:30 часот на Телма.

Станува збор за духовита и топла семејна серија која низ многу хумор зборува за сосема реални проблеми како бракот, родителството, кариерата, неисполнетите соништа и моментот кога човек сфаќа дека младоста полека му отстапила место на вистинскиот живот.

Во центарот на приказната се Вељко и Јадранка, брачен пар кој по неколку години заеднички живот се наоѓа пред сериозна пресвртница. Вељко е актер кој сè уште верува дека големата професионална шанса го чека некаде зад аголот. Јадранка, пак, е архитектка, мајка и човекот кој во голема мера го држи семејството на нозе.

Но, нејзиното трпение има граници. Во моментот кога му соопштува на Вељко дека сака развод, нивното секојдневие се претвора во вистинска мала „војна“.

Токму тука започнуваат комичните, понекогаш апсурдни, но и изненадувачки емотивни ситуации. Двајцата мора да се справат со последиците од сопствените одлуки, со семејството, пријателите, работата и прашањето дали она што еднаш се распаднало може повторно да се состави.

Приказната лесно станува блиска до гледачот. Зад комедијата се кријат теми во кои може да се препознае речиси секое семејство како љубовта по години заеднички живот, кризата во бракот, родителството, амбициите и вечната борба да се најде време и за себе.

Со брзо темпо, многу хумор и ситуации кои изгледаат како да се земени од вистинскиот живот, ова е серија која може истовремено да ве насмее и да ве натера да се запрашате колку тенка може да биде границата меѓу семејната идила и семејната „војна“.

„Мама и тато си играат војна“, од понеделник до петок во 20:30 часот на Телма.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од понеделник пак репризни серии – што се случува со Телма ?

И додека сите телевизии во регионот ги презентираа и започнаа новите програмски шеми, кај нас …

error: Содржината е заштитена!