Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #Финале |Alevosía

Предавство, епизода #Финале |Alevosía

 

Додека Октавио се бори за својот живот во клиниката, Сесилија го известува Хаиме дека одлучила да не се оперира. Порадо да остане слепа за цел живот отколку да ја загуби надежта ако операцијата не биде успешна.

Полицијата ја наоѓа Тринидад и ја апси поради случувањето во вилата и пукањето кон Октавио. Во самоодбрана Тринидад ја лаже полицијата дека не била таа која пукала во Октавио туку Анхелес.

Хулија и нејзините деца се збогуваат за последен пат со Алваро.

Полицијата доаѓа во вилата за да ја приведе Анхелес како осомничена за стореното. Марко застанува на нејзина страна и вели дека Тринидад пукала во Октавио.  Сепак, Анхелес е приведена на соочување.

Диего доаѓа кај Раул да го извести дека решил да го следи неговиот совет и да ја посети клиниката за зависници.

Во полициската станица Анхелес признава се што знае дека Трини и Даниела, лажната дадилка ја киднапирале Лусијана.

Густаво излегува на ручек со Луз Марија каде што и признава дека најпосле сфатил дека има чувства за Анхелес. Дека тоа го сфатил ноќта кога се омажила за друг и дека веќе е доцна. Луз Марија го советува да го следи срцето и да биде среќен како што таа е сега среќна со друг маж.

Откако Анхелес е ослободена од сослушувањето, го замолува Марко тој да ја оперира Сесилија бидејки само има доверба во него. Марко и ветува дека ќе ја оперира само ако по операцијата замине да живее со него во Мадрид. Анхелес го прифаќа предлогот.

Трини бара да биде ослободена за погребот на својот сопруг и истражниот судија и дозволува но да биде придружувана од полиција.

Густаво и ги признава своите скриени чувства на Сесилија за нејзината сестра дека многу доцна сфатил дека ја сака Анхелес и дека само таа може да го заземе местото кое празно го оставила Лусија. Разговорот го прислушкува Марко.

На погребот, Хулија ја напаѓа Трини дека само таа е виновна за смртта на Амваро. Трини успева да побегне од полицијата.

Марко го известува својот татко дека ќе замине да живее во Мадрид и му дава свој благослов да се гледа со доња Инес.

Трини доаѓа во вилата и успева да ја земе Лусијана. Се качува на кровот и се заканува дека ќе скокне заедно со бебето пред очите на престрашените Анхелес и Густаво.

 

 

Анхелес е преплашена дека Трини може да направи нова глупост и да изрипа од кровот на вилата заедно со Лусијана в раце. Трини признава дека цел живот ја презирала Лусија бидејки имала се што таа никогаш немала, и дека тој презир се претворил во гнев и омраза кон се што ја опркужувало. Признава дека најсреќниот ден во животот и бил кога умрела Лусија.

Со цел да избегне трагедија, Густаво се искачува по помошните скали додека Анхелес ја зазборува Трини. Анхелес и бара прошка на Трини и ја нарекува мајка. Трини иако на момент трогната, сепак и префрла на Анхелес дека е доцна за се и прави чекор да се фрли. Но Густаво доаѓа на време и успева да ја извлече својата ќерка од рацете на Трини. Трини се затетерува и паѓа од кровот на вилата.

Анхелес притрчува кон Густаво и ја зема малата Лусијана во рацете додека доаѓа полиција и брза помош.

Месеци подоцна…

Сесилија конечно прогледува по успешната интервенција на Марко. Хаиме и Анхелес се пресреќни.

Доња Инес и Алехандро планираат заедничко крстарење околу Европа.

Густаво по долго време собира храброст да и признае на Анхелес дека ја љуби. Анхелес му одговара дека и таа го љуби но дека не можат да бидат заедно бидејки не може да го остави Марко по се што сторил за неа и нејзината сестра.

                Октавио е хоспитализиран, непокретен и не може да зборува. Заборавен од сите, ги минува деновите на терапија за закрепнување.

Естер  го известува Хоакин дека чека близнаци и тој пресреќен ја бакнува страсно велејки и дека таа е жената на неговиот живот.

Хаиме ја известува Сесилија дека долговременскиот страв бил неоснован дека не е виновен за никакво злосторство во Сад, но двајцата одлучуваат да живеат во Гвадалахара.

Анхелес го затекнува Марко како се пакува и ја известува дека заминува за Мадрид со ноќниот лет. Таа го прашува зошто толку рано кога беа договорени да одат заедно а тој и вели дека неговата мисија завршила, сега кога Сесилија е успешно оперирана нема шо да бара тука. И вели дека знае за нејзините чувства кон Густаво и дека со него е од благодарност. Анхелес низ солзи го моли да не оди, но тој заминува ветувајки и дека по пошта ќе и ги прати документите за развод. Ја бакнува во чело и со тешко срце ја остава.

Нати се враќа на работа во адвокатската канцеларија по породилното отсуство а Алберто останува да го чува синот и се повеќе се зближува со детето кое страда о Даунов синдром.

Во градината на вилата, Густаво поминува едно сончево пладне со Лусијана кога ќе чуе познат женски глас зад себе. Анхелес го известува дека Марко ја оставил и дека се разведуваат. Тогаш Густаво спонтано ја бакнува и и вели дека нема намера да чека уште за да биде со саканата. Додека се љубат, Лусијана ги гледа со насмевка и Анхелес ј анарекува „мама“!

Крај

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

error: Содржината е заштитена!