Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Стартува нова сезона и од омиленото лиценцирано шоу „Сè или нешто“

Стартува нова сезона и од омиленото лиценцирано шоу „Сè или нешто“

Од 5 октомври (понеделник), веднаш по новата сезона од Брза кујна, следува премиерно новата 16-та сезона од познатото попладневно шоу „Сè или нешто“.

За потсетување – пријавувањето се врши исклучиво преку веб страната на телевизија Сител така што ќе го пополните прашалникот што го гледате на страната на квизот во делот кај Програма и на крајот ќе кликнете Submit.

Тоа е единствениот и наједноставниот начин за пријавување за учество во шоуто.

Не праќајте никакви апликации преку меилови или ФБ страни !

Ви посакуваме среќа на сите кои планираат да се пријават и да ја испробаат својата среќа во новата сезона кај Лила и банкарот! А сите останати, бидете во 17.50 часот со новата сезона од најгледаната телевизиска емисија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова програмска шема на МРТ 3 – премиери од 17 до 23 часот

Нова програмска шема на третиот канал на МРТ. Емисии од областа на забавата, музиката, модата …

error: Содржината е заштитена!