Анита Петровиќ Рајковиќ и Билјана Трендафилова се новинарските имиња кои ќе ги водат дебатните емисии на МРТ 1 во новата програмска шема.

Aнита беше задолжена за слична политичко дебатна емисија на некогашната Нова телевизија, а Трендафилова ја гледавме до пред две години во емисија со сличен концепт на Алфа.

Сега двете дами се дел од новата програмска сезона на Македонската телевизија.

Анита ќе биде задолжена за вторничната дебата “Без наслов …”, …

… а Билјана за дебатата во среда “… Со повод”.

И двете телевизиски емисии ќе се емитуваат секоја седмица во 20.30 часот, едната во вторник, другата во среда, веднаш по централниот Дневник.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
