Почетна / Телевизија / Ниедна нова серија или филм во новата ТВ сезона на ТВ 24

Ниедна нова серија или филм во новата ТВ сезона на ТВ 24

Пред десетина години, Телевизија 24 амбициозно настапи на македонската телевизиска сцена, нудејќи им на гледачите голем број светски хит-серии и разновидна странска програма. Денес, сепак, се чини дека од некогашниот елан за инвестирање во вакви содржини не остана ни малку.

Во изминатите години на програмата на Телевизија 24 можевме да ги гледаме познатите американски серии „Scorpion“, „Billions“ и „Ray Donovan“, но и бројни италијански, руски, израелски и српски продукции. За споредба, последниве две години на програмата практично нема нови серии.

Слична е ситуацијата и со филмската програма. Во еден период Телевизија 24 секоја вечер околу 22:30 часот емитуваше премиерен филм, со што филмовите имаа свое редовно место во програмската шема. Денес тие  целосно исчезнаа од програмата, па целата програма е пополнета само со дебатни политички емисии.

Дека станува збор за подолг период без нови содржини може да се забележи и на официјалната веб-страница на телевизијата. Во секцијата посветена на серии, последната објава за нова серија е од 14 ноември 2024 година, додека во секцијата за филмови последната објава е од 14 јули 2025 година.

Што се случува со Телевизија 24 и зошто некогашната инвестиција во сериска и играна програма исчезна, засега не е познато. Но, разликата во однос на периодот од пред неколку години е очигледна.

Останува прашањето дали станува збор за трајна промена на програмската стратегија и поголемо насочување кон информативните содржини или, пак, гледачите во иднина повторно ќе можат да очекуваат нови странски серии и филмови на програмата на Телевизија 24.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Спортските Арени на македонски работат без домашна дозвола?

Петте национални македонски телевизии (Сител, Канал 5, Алфа, Телма, Алсат), здружени во Македонската медиумска асоцијација …

error: Содржината е заштитена!