Почетна / Сапуници / Брачни игри | Ве запознаваме со Јилдирим од новата хит серија

Брачни игри | Ве запознаваме со Јилдирим од новата хит серија

Јилдирим Шахин е успешен адвокат. Тој е паметен, харизматичен и течно зборува неколку странски јазици. Ужива во конкуренција и е многу амбициозен. Во младоста бил склон кон флерт. Азра и Серген се негови пријатели со кои студирал на Правниот факултет. Тој и Азра тогаш биле баш блиски пријатели.

Иако Азра имала чувства кон Јилдирим, таа не сакала тие да бидат повеќе од пријатели бидејќи тој бил несигурен како нејзиниот татко. До ден пред венчавката на Азра…

На тој ден си ја признале својата љубов, но Азра се омажила за Серген бидејќи мислела дека може да му верува. После тоа Јилдирим го напуштил Истанбул.

Иако имал одлична кариера во странство, по неколку години одеднаш решава да се врати во Истанбул. Причината за неговото враќање полека излегува на виделина, а средбата со Азра во адвокатската канцеларија ќе го наведе да си го промени животот.

Од понеделник до петок на Сител, следете ја приказната за Јилдирим во “Брачни игри”. Современа драма во 19.50 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Брачни игри | Ве запознаваме со Серген од новата хит серија

Серген Гунај е успешен бранител. Тој е добар татко, особено е приврзан за своите деца. …

error: Содржината е заштитена!