Љубителите на музичките емисии на „Гранд“ нема уште долго да чекаат. Новата телевизиска сезона започнува следниот викенд, 19 и 20 септември, кога на малите екрани се враќаат добро познатите формати „Ѕвездите на Гранд“, „Никогаш не е доцна“ и „Гранд специјал“.

Најголемо внимание привлекува новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“, која овојпат доаѓа и со промени во жири-комисијата. По 12 години од шоуто се повлече Ана Бекута, а нејзиното место како постојан член на жирито го презема Сања Вучиќ. Публиката повторно ја очекуваат аудиции, дуели, менторска работа и потрага по новите музички ѕвезди од регионот.

Со нова сезона продолжува и „Никогаш не е доцна“, емисијата која им дава можност на повозрасните музички таленти да застанат на големата сцена и да ги остварат своите долгогодишни музички соништа.

Викенд-програмата на „Гранд“ ќе ја надополни и „Гранд специјал“, со познати музички имиња, разговори, гостувања и многу музика.

Добрата вест е што и македонската публика традиционално ќе може да ги следи сите три формати на телевизија. Сител е македонскиот телевизиски дом на емисиите на „Гранд“, па така и оваа есен тие остануваат дел од викенд програмата на телевизијата.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
