Почетна / Сапуници / Алаџа од „Лузни“ освен глумата, крие уште еден уметнички талент

Алаџа од „Лузни“ освен глумата, крие уште еден уметнички талент

Македонската публика ја запознава како Алаџа, главниот лик во летниот вечерен хит „Лузни“, но која е актерката зад ликот што го привлече вниманието на гледачите?

Станува збор за Џејда Џерен Едис (Ceyda Ceren Edis), име од новата генерација на турски актерки. Улогата на Алаџа е една од нејзините најзабележителни телевизиски улоги досега.

Животот на младата и сиромашна Алаџа драматично се менува откако станува жртва на киднапирање и ѝ е украден бубрегот, оставајќи длабоки лузни на нејзиното тело и душа.

Зад сето тоа стои нејзиниот богат биолошки татко, кому му е потребен донор. Оттука започна приказната исполнета со семејни тајни, љубов, измами и пресврти, а како ќе заврши, дознаваме во следниот период на Сител.

Пред „Лузни“, Џејда Џерен Едис се појави и во турскиот хорор-филм „Siccin 7“, а по Алаџа, актерката доби улога и во најновата традиционална серија „Halef: Köklerin Çağrısı“.

Интересно е што актерството не е единствената нејзина поврзаност со уметноста. Едис има интерес и за сликарството, кое го користи како начин да се опушти и да се оддалечи од напорните снимања.

Иако нејзината актерска биографија сè уште не е долга, улогата на Алаџа ја стави во центарот на една цела телевизиска приказна, а за македонските гледачи токму „Лузни“ е можност подобро да ја запознаат младата турска актерка.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од септември, српска Прва ТВ со неколку домашни серии во етер

Од есен, на приватната Прва телевизија во Србија покрај нови реални и талент шоуа, се …

error: Содржината е заштитена!