Гледачите на турската серија „Лузни“ го запознаа како Кенан, но зад овој лик стои актер со интересна животна приказна.

Мелих Озкаја (Melih Özkaya) е роден во Истанбул, а пред да се посвети на актерството долги години се занимавал со спорт.

Завршил спортски менаџмент на Универзитетот „Анадолу“, а играл и професионална одбојка во Истанбул.

Неговата телевизиска кариера започнала откако во 2011 година почнал да посетува часови по актерство, а една од првите улоги ја добил во серијата „Yer Gök Aşk“ (Сестри).

Пошироката турска публика имала можност да го запознае и надвор од актерството.

Во 2018 година бил учесник во турското издание на „Survivor“, каде неговото долгогодишно спортско искуство дошло до израз.

Следувале повеќе телевизиски улоги. Во серијата „Emanet“ (Аманет) го толкувал ликот на комесарот Али, а потоа се појавил како Ерен во „Yazgı“ (Судбина) и како Акин во популарната турска серија „Yalı Çapkını“ (Женкар).


Македонската публика сега го гледа во улогата на Кенан во „Лузни“ („Alaca“).

Токму оваа улога е една од поновите во неговата актерска кариера, a серијата премиерно ја следиме секоја вечер во ударниот термин на Сител телевизија.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
