Поглед наназад низ архивите за извонредното патување на еден рок-гигант. Пејач обожуван од повеќе генерации, кој никогаш не престана да го преиспитува својот статус на икона.

Потекнувајќи од скромно детство во Њу Џерси, Брус Спрингстин прераснува во светска рок-икона. И покрај славата, тој останува човек обвиен со мистерија, понекогаш и жртва на сопствениот успех. Раздвоен меѓу желбата за славата и потребата за интимност, Спрингстин постојано се бори со контрадикциите и го преиспитува својот митски статус.

Верноста најдобро го дефинира Спрингстин – неговата непоколеблива лојалност кон својот бенд, „E Street Band“, и кон посветените обожаватели. Преку неговото емотивно и силно пишување, Спрингстин ги надминува границите на рокот и станува симбол на американската култура, инспириран од уметници како Џон Стајнбек, Теренс Малик и Роберт Де Ниро.

Филмот го истражува делото на Спрингстин, откривајќи човек чија музика ја отелотворува душата на една нација.
Премиерно на Телма во недела (16 август) во 19.15 часот.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
