Почетна / Филм / Акционен трилер и романтични комедии овој викенд на МТВ 1

Акционен трилер и романтични комедии овој викенд на МТВ 1

 

Филмски викенд на Македонската телевизија

 

Веќе емитувани, но убаво е да се погледнат можеби и по втор и трет пат. МТВ овој викенд ќе емитува три играни филма за оние гледачи кои не сакаат да гледаат можеби Гранд, Домаќине ожени се или политичка пропагандна програма.

 

 

Во сабота, 3 декември во 13.55 часот ќе се емитува “Елизабеттаун” во кој главните улоги ги толкуваат Орландо Блум, Кирстен Данст, Сузан Сарандон, Алек Болдвин и Џесика Бел.

Фиолмот ја раскажува приказната за Дру и Клер. По  неуспехот на професионален и на емотивен план, враќањето во родниот град поради погребот на татко му, на едно момче му го менува животот. Депримиран и очаен, Дру размислува дури и за самоубиство, но откако дознава дека последната желба на татко му Мич е токму тој да го испрати во неговиот вечен дом, работите се менуваат.

 

 

На пат за дома, во малото гратче Елизабеттаун, Дру запознава една чудна и многу снаодлива стјуардеса, Клер Колбурн, во која со време се заљубува.
Елизабеттаун ни оддалеку не е место каде што млад човек може да има амбиција и желба за успех, но секако е гратче во кое некој би посакал да си го среди животот и да сфати дека светот е сè уште убав.

Истиот ден, во 20.50 часот, МТВ 1 ќе го емитува акциониот криминалистички трилер “Совршена цел” кој ќе кој нè натера на размислување, кој нè фасцинира со неочекуваните заплети и адреналински сцени.

 

 

Еден снајперист кој води осамен живот е вовлечен во смртоносна теорија на заговор. Боб треба да да го спречи атентатот на американскиот претседател. Нему му останува малку време да го открие заговорот во кој се вмешани лица од владата од повисок ранг.

Викендот завршува со романтичната комедија “Како да изгубиш момче за десет дена”.

 

 

Бенџамин Бери се обложува со две свои колешки дека може да заведе и да издржи во врска повеќе од 10 дена. Но, за жал, ќе избере погрешна жена за својот потфат. Колешките решаваат тоа да биде прекрасната новинарка Енди, која изгледа како тврд орев. Истовремено, Енди работи на приказната како да го откачиш дечкото за 10 дена. Ако пак таа успее, шефот и ветува дека ќе и довери сериозни задачи за пишување специфични теми. Во улогите на Бенџамин и Енди ги гледаме Метју МекКонахи и Кејт Хадсон.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува ретро киното на Алфа, погледнете што следува

Продолжуа летното кино на Алфа со ретро југословенски филмови. Во продолжение прочитајте кои филмови ќе …