Почетна / МК Сцена / Светскиот, а наш Боби Андонов ја промовираше песната „Момент“

Светскиот, а наш Боби Андонов ја промовираше песната „Момент“

Зад успешната светска приказна на пејачот Боби Андонов стојат македонски корени и детство исполнето со мирисот на струмичките села и македонски песни кои засекогаш останале врежани во него.

Иако е роден во далечниот Мелбурн, Австралија, Боби никогаш не ја заборавил Македонија. Напротив, македонскиот јазик бил неговиот прв јазик, а и денес секојдневно го зборува со гордост.

Летните распусти ги минувал во Македонија, а особено емотивни му биле посетите на семејната куќа што неговиот татко ја изградил во струмичко. Денес, Боби е среќно оженет со балерината Џеки Bаптиста, а неодамна се оствари и во најважната улога во животот – стана татко.

Македонската публика го памети од 2008 година кога на Детската Евровизија во Кипар го освои фантастичното петто место со “Прати ми СМС” со што до ден денес остана најдобар македонски пласман на ова натпреварување.

Пејачот сега на голема врата се враќа и на македонската музичка сцена. За старт, ја објави новата песна „Момент“, за која текстот го напиша една од најдобрите македонски текстописки Магдалена Цветкоска – Ена. Синглот е само вовед во уште поголемо музичко изненадување и тоа цел албум на македонски јазик.

Ако им се верува на евровизиските фанови, Боби Андонов би можел да биде нашиот следен претставник на Евровизија 2027 со оглед на неверојатната поддршка што ја добива како од македонските, така и од европските евровизиски обожаватели. До тогаш, останува да видиме дали момчето од струмичките корени ќе ја освои и македонската музичка сцена на ист начин како што ги освои Австралија и Америка.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Соработката меѓу Валдера и Копров роди нов македонски хит

“Милион ѕвезди” е најновата композиција која што неодамна младиот, симпатичен, харизматичен и енергичен Влатко Иљачев …

error: Содржината е заштитена!