Почетна / Серии / Психолошката мистерија „The Cry“ ја гледаме во јулските викенд ноќи

Психолошката мистерија „The Cry“ ја гледаме во јулските викенд ноќи

Серијата го прати патувањето на младите родители Џоана и Алистер од Шкотска во Австралија, кои доаѓаат за да го посетат семејството и да започнат правна борба за старателството над Клои, ќерката на Алистер од неговиот претходен брак со Александра. Но, нивното патување се претвора во кошмар кога нивниот мал син Ноа мистериозно исчезнува.

Додека потрагата по вистината продолжува, притисокот почнува да ја разорува нивната врска. Меѓу нив се појавуваат сомнежи, недоверба и прашања на кои никој не може да даде едноставен одговор. Додека јавноста бара одговори и виновник, Џоана се обидува да се справи со трагедијата, притисокот и плачот од настанот што засекогаш го промени нејзиниот живот.

Сабота и недела навечер од 23 часот на Сител на местото од “Mrs Wilson”, следува мистериозната психолошка драма “Плач”, номинирана за престижната награда ЕМИ.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Игри на нерви во „Квантико“ – американска серија за ФБИ истраги

Група млади регрути на ФБИ поминуваат низ ригорозна обука во градот Квантико. Предводени од специјалниот …

error: Содржината е заштитена!