Почетна / Сапуници / „Тајните на виновата лоза“ – конечно премиерна серија и на Алфа

„Тајните на виновата лоза“ – конечно премиерна серија и на Алфа

Познатата српска серија “Тајните на виновата лоза” и на македонска национална телевизија. Од понеделник (25 мај) од 20.30 часот на Алфа телевизија ќе се емитува романтичната драмска серија во 110 продолженија.

Семејството на богатиот бизнисмен Вук Томовиќ од Суботица крие многу тајни, но и Вера, самохрана мајка на два сина од Неготинска Краина, живее во страв дека нејзините тајни ќе бидат откриени. Ќерката на Вук, Ања, завршила енологија во Париз.

Таа се враќа во родниот крај со намера да го преземе водењето на сериозниот семеен бизнис. Образованието и технологиите на Ања преземени од Запад се судираат со навиките и традициите на локалното винарство.

Серијата ги следи судбините, драмите и борбите на две лозарски семејства од различни културни средини, чии интимни саги се обвиткани со лаги и молк. Во оваа драматична приказна на мистериозен начин се испреплетени навидум неповрзани судбини.

Заедничко за двете семејства се солзите, бакнежите и ударите. Мелодраматичната нота која е постојано присутна во оваа серија укажува на тоа дека не постои семејство без тајни. Во виното е вистината! Но, дали е тоа навистина така?

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова лето | Зулејха во нова серија за моќта и гламурот

Од следната недела на местото од “Семејството” започнува новата возбудлива серија „Мојот прекрасен живот“, во …

error: Содржината е заштитена!