Оваа серија е шпионски трилер со елементи на мелодрама инспирирана од вистинската приказна за српската Мата Хара, Вера Пешиќ (1919–1944), шпионка од Втората светска војна.

Ова е приказна за млада жена која не е само во канџите на воена шпионска мрежа, туку и на патријархалното општество на Балканот, полно со моќни, арогантни мажи со кои таа храбро и дрско се справува.

Во лавиринтот на шпионски игри на Балканот, од Виена до Цариград, Вера Пешиќ преживува меѓу југословенски, германски и британски шпиони со двојни и тројни агенди, сама, без идеологија, но решена да се бори и да преживее.

Јована Стојиљковиќ, Петар Зекавица и Тихомир Станиќ во шпионската српска серија “Вера”. Оваа пролет на МРТ1, секоја недела навечер во 20.15 часот, веднаш по централниот дневник.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
