Почетна / Телевизија / Конкурс за избор на нов директор и заменик директор на МРТ

Конкурс за избор на нов директор и заменик директор на МРТ

Програмскиот совет на МРТ распишува ЈАВЕН КОНКУРС за избор на Директор на МРТ и Заменик на директор на МРТ. Директорот и Заменикот на директорот се избираат за период од три години со можност за повторен последователен избор.

Кандидатите кои ќе се пријават треба да ги исполнуваат следниве услови:
– да имаат високо образование,
– да поднесат Програма за работа на МРТ за период од три години,
– да имаат работно искуство од најмалку осум години во областа на комуникологијата, новинарството, информатиката, културата, економијата или правото,
– да имаат искуство со раководење организација од најмалку четири години.

Конкурсот трае 15 работни денови и се објавува на програмите на МРТ и на интернет-страницата на МРТ и во најмалку два дневни весника во Македонија од кои еден на македонски јазик и еден на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат јазик различен од македонскиот. Пријавата и програмата за работа се доставуваат во коверти со назнака: „За конкурс за Директор на МРТ“ односно „За конкурс за Заменик на Директорот на МРТ“. На следнава адреса: Македонска радио телевизија Булевар “Гоце Делчев” бр.18 Скопје.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава против сопствениците на Алфа ТВ од Унгарија

СДСМ соопшти дека поднеле кривична пријава до Јавното обвинителство против повеќе физички и правни лица, …

error: Содржината е заштитена!