И додека регионот и светот емитуваат лиценцирани формати од квизови, талент шоуа и високобуџетни гејм шоуа, кај нас сѐ уште студиските емисии се главен адут на телевизиите.

Па така, оваа сезона Телма дури и ги тргна добро познатите серии кои се емитуваа во различни термини согласно различни жанрови (теленовела, крими серија, истраги, семејни серии), а на нивно место премиерни и репризни емисии во домашна продукција.

И тоа не е сѐ. Освен странските серии, од сега на оваа фреквенција не се емитуваат ни странските документарни филмови и серијали кои до неодамна беа дел од стандардната програмска шема на телевизијата во попладневните или вечерните часови.

Нема странски серии, нема лиценцирани формати како сите регионални телевизии.

Со ова докажуваме дека сме далеку од било каква европска програмска шема.

Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
