Почетна / Серии / „Supernatural“ наскоро на Македонската телевизија

„Supernatural“ наскоро на Македонската телевизија

 

„НАТПРИРОДНО“
наскоро на МРТ1

 

 

„Supernatural“ е американска телевизиска драма/хорор серија, која ги обработува животите на браќата Сем (лик игран од страна на актерот Џеред Падалецки) и Дин Винчестер (Џенсен Еклс) кои се фрлаат во потера по демони и други паранормални суштества. Серијата се снима во Ванкувер, Канада, а својата премиера ја доживеа на 13. септември 2005 на The WB. Година подоцна, официјално стана дел од програмата на The CW.

„Supernatural“ ги следи животите на Сем и Дин, браќа кои се борат против суштества што за повеќето луѓе „не постојат“. Браќата ја загубиле својата мајка (Мери Винчестер) како деца во инцидент кој се случил во нивната куќа – откако избувнал пожар предизвикан од некакво натприродно суштество.

Како резултат на ова, нивниот татко (Џон Винчестер) целиот свој живот го посветил на барање на виновникот за смртта на неговата жена, со цел да ја одмазди. Откако браќата ќе пораснат, нивниот татко ќе започне да им врши подготовки за борење против злото. По некое време, Сем одлучува да престане со ваквиот живот и се запишува на колеџ, додека пак Дин останува со својот татко за да му помогне во неговата потера по демони.

Откако таткото Џон ненадејно ќе исчезне, Дин барa помош од својот брат за започнување на потрага по него. Од тогаш браќата ќе започнат да патуваат низ земјата истражувајќи ги паранормалните и останатите необјаснети настани и случки, дел од нив инспирирани според фолклорот, митовите и американските урбани легенди, а друг дел базирани на класични приказни со натприродни суштества, од типот на вампири, врколаци и духови…

 

 

 

 

 

 

Иван Величковски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Катуранди“ повторно на МТВ 1 – петто емитување на иста серија

Италијанската крими серија “Катуранди” репризно на МТВ 1, од понеделник до четврток по 21.30 часот. …