Почетна / Забава / Евровизија / Бугарија се враќа на големата евровизиска сцена во 2026 година

Бугарија се враќа на големата евровизиска сцена во 2026 година

Додека траат расправиите околу учеството на Израел на Евровизија 2026 во Виена, со прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас, сѐ посигурно е учеството на Израел. Но, од друга страна на официјалниот акаунт на поранешен Твитер (сега X), BNT – националниот радиодифузер на Бугарија, објави дека тие се враќаат многу порано од предвиденото.

Новиот генерален директор на BNT веќе има предвидено буџет за учество на Евровизија во 2026. Тоа ќе значи дека по три години пауза и Бугарија се враќа на Евровизија, откако Црна Гора со Македонија истата 2023 откажаа учество.

Да напоменеме дека Црна Гора во 2025 година се врати по двегодишна пауза, а Бугарија се враќа назад по три години пауза. МРТ навистина треба да размисли сериозно за враќање веќе во 2026 година бидејќи сите наши соседи освен Косово, кое чека прием сега, се учесници на јубилејното 70-то издание на Евровизија.

Европа обединета, Европа заедно и сложно и во музиката.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грција очекува враќање на Македонија на Евровизија 2026

Грчкиот познат веб портал посветен на Евровизија, Eurovisionfun и грчкиот новинар Павлос Клагкос со симпатии …

error: Содржината е заштитена!