Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Покрај „Ѕвездите на Гранд“, во Македонија доаѓаат и „Ѕвездите на Пинк“?

Покрај „Ѕвездите на Гранд“, во Македонија доаѓаат и „Ѕвездите на Пинк“?

Од септември на познатата македонска ТВ фреквенција се враќаат “Ѕвездите на Гранд” со нова сезона. Музичкото натпреварување продолжува и во регионот на Прва (Србија) и на каналите на Нова (Црна Гора, Босна и Херцеговина).

Но, она за кое наголемо се зборува во српските таблоиди е враќањето и на конкурентското шоу – “Пинкове звезде”. По неколку години пауза, Пинк медиа груп најавува голем музички спектакл кој ќе парира на Гранд и кој на едно место ќе ги има најзабавните членови во жирито.

Во регионот, шоуто ќе се емитува на каналите на Пинк, но дали новата и долгоочекувана сезона ќе се најде и на една македонска телевизија?

Првите сезони беа емитувани на Алфа и Сител, но со оглед на тоа дека овој пат една од телевизииве ги има “Ѕвездите на Гранд”, останува отворено – на која македонска телевизија би се емитувале “Ѕвездите на Пинк”?

Дали Пинковите ѕвезди ќе се емитуваат и во Македонија, останете со нас и навремено ќе бидете известени.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ново кулинарско летно шоу на Телма со познатиот шеф Марк

Шери, што ќе готвиме денес е динамично и визуелно привлечно кулинарско шоу, кое се емитува …

error: Содржината е заштитена!