Ѕвездите на “Бегалка” и “Азра” во нова заедничка и возбудлива вечерна драма, додека пак како главен негативец и во оваа серија ќе го гледаме злобниот Кендал од “Црната роза”.
Серијата ја следи трагичната судбина на Џенет Текин и нејзините деца. Уште од мали нозе, Џенет сонувала да стане учителка, но нејзиниот татко ѝ забранил да учи и ја пратил да работи на поле.
Кога наполнила 16 години, таа оди во Истанбул да живее и работи со нејзината тетка, а подоцна и се омажила за Јилмаз, алкохоличар, нестабилен и насилен човек од кого ќе добие три деца.
Но, еден ден, таа е пронајдена мртва во својот дом, а нејзината смрт ќе ги шокира сите. Писмото кое го оставила Џенет по нејзината смрт ќе ги промени животите на нејзините деца. Писмо во кое го обвинува својот сопруг за нејзината смрт. Ќерката Фериде од секогаш безусловно го сака својот татко и стои покрај него.
Другата ќерка Бирсен е навикната да се покорува на сè за да не биде повредена, а синот Халил е оној кој е решен по секоја цена да ја разоткрие смртта на мајка си и да му се одмазди на татка си.
Раните од минатото и ден денес се отворени, но желбата повторно да се стане семејство ќе ги води срцата на овие ликови во потрага по правдата и одмазда за траумите кои ги живеела нивната мајка.
Во тоа ќе им помага адвокатката Зејнеп, која ќе се зближи со Халил и ќе му биде најголема поддршка на патот до вистината.
Дани | ТВ Пакет