Почетна / Сапуници / Новата хрватска комедија „На граница“ започнува на Сител

Новата хрватска комедија „На граница“ започнува на Сител

На Сител телевизија започнува нова хрватска хумористична серија која ќе се емитува секој работен ден. “На граница” е нова продукција на Нова телевизија која ги создаде Чиста љубов, Златни двори, Што биде нека биде, Најдобрите години, Дубровничка зора итн.

Приказната се врти околу младата, тукушто дипломирана економистка Петра која се враќа од Загреб во своето родно село како би наследила нелегален бизнис од нејзината баба Зорка. Од тој бизнис на криумчарење тутун преку границата живее скоро цело село, а со самото тоа има вклучено и неколку фамилии, па така Петра станува шефица на еден мал картел. Петра станува и најпосакуваната девојка во местото. Сите фамилии кои се вклучени во бизнисот гледаат можност да оженат некој од нивните синови за Петра, a без разлика дали тие сакаат или не, тие се приморани да станат додворувачи на Петра како би дошле до бизнисот и парите.

Проблемот станува поголем токму тогаш кога Петра од сите тие додворувачи “фрла око” на забранетото овошје – новиот граничен полицаец Марко кој доаѓа во селото со задача да воведе Шенген и да стави крај на шверцот. Марко овојпат е во голема дилема – дали да ги разоткрие мештаните во шверцот или да молчи и полека да го освојува срцето на убавата Петра.

Главни улоги : Nadia Cvitanović, Nina Erak, Momčilo Otašević, Filip Juričić, Milan Štrljić, Barbara Vicković, Mladen Vulić​

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На местото на „Тоскана“, нова италијанска серија на ТВ 24

Наспроти позадината на општествените востанија и класните борби во Италија непосредно пред Првата светска војна, …

error: Содржината е заштитена!