Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Омилената детска забава со „Дајте музика“ повторно на МРТ 1

Омилената детска забава со „Дајте музика“ повторно на МРТ 1

Од понеделник до петок во 11.30 часот на МРТ1, повторно гледајте ја новосоздадената верзија на детското играно шоу “Дајте музика”. Ќе имате можност да погледнете нови детски музички нумери, интересни теми и гости и многу нови содржини.

Епизодите на „Дајте музика“ имаат за цел преку забава да ги поттикнат традиционалните семејни вредности низ призмата на една нова модерна генерација на детски идоли кои ги почитуваат вистинските вредности: добро однесување, здрави навики, чесност, одговорност, вистинско другарство и емпатија.

Многу македонска музика, сопствен бенд, битка за тронот „главен во маалото“, детски кавги, помирувања и други разни згоди и незгоди на добро познатите старо-маалци беа главните теми кои го привлекоа вниманието на децата.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како секоја година, утринската емисија на Телма на летна пауза

Утринската програма на Телма како секоја година, така и оваа, ќе направи пауза за време …

error: Содржината е заштитена!