Почетна / Сапуници / За празниците, „Аманет“ со маратонско емитување на Канал 5

За празниците, „Аманет“ со маратонско емитување на Канал 5

Во празничните денови, Канал 5 телевизија ви нуди двојно уживање со маратонската сапуница “Аманет”. Од понеделник до петок, серијата ќе се емитува три часа во вечерта со паузи за реклами и кратки вести.

Политичката жестока дебата “Само вистина” ќе паузира до втората половина на јануари, впрочем како и секоја година, а вечерната семејна сага “За семејството” ќе ја гледате во 18.40 часот.

Веднаш по Семејството, следува маратонска празнична вечер со Сехер и Јаман во “Аманет”.

Нежната љубовна приказна се емитува скоро една година на фреквенцијата на Канал 5, а оние кои ја следат приказната, ќе имаат можност да дочекаат нови случувања и заплети секоја вечер од 19.45 часот до 22.50 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Серија за целото семејство секое утро на босанската државна ТВ

Фамилијарната драмска серија “Moja divna porodica” секое утро се прикажува на босанскохерцеговачката државна телевизијa, по …

error: Содржината е заштитена!