Почетна / Сапуници / „Величествениот“ репризно на Алфа, но овојпат несинхронизирана

„Величествениот“ репризно на Алфа, но овојпат несинхронизирана

На местото на “Лисјата”, Алфа телевизија започна со прикажување на турскиот спектакл “Величествениот” која своевремено се емитуваше со голем успех на Канал 5 телевизија. За разлика од сите претходни турски серии, оваа се емитува несинхронизирана на оригинален турски јазик со титл на македонски.

Гледачите повторно ќе имаат можност да се потсетат на оваа безвременска приказна за големиот владател султан Сулејман и неприкосновената Хурем Султан.

Патот на робинката до тронот и сите интриги и завери со кои ќе се соочи во грандиозниот харем на султанот е главното сиже на серијата која стана една од најпродаваните и најпопуларни на сите времиња.

Од понеделник до петок во 16.20 часот на Алфа – “Величествениот” со титл.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Србија на Пинк без репризи – кај нас турски серии и со по 3 репризи

Националниот српски ТВ канал Пинк емитува во текот на целиот ден турски сапуници од Канал …

error: Содржината е заштитена!