Почетна / Сапуници / „Величествениот“ репризно на Алфа, но овојпат несинхронизирана

„Величествениот“ репризно на Алфа, но овојпат несинхронизирана

На местото на “Лисјата”, Алфа телевизија започна со прикажување на турскиот спектакл “Величествениот” која своевремено се емитуваше со голем успех на Канал 5 телевизија. За разлика од сите претходни турски серии, оваа се емитува несинхронизирана на оригинален турски јазик со титл на македонски.

Гледачите повторно ќе имаат можност да се потсетат на оваа безвременска приказна за големиот владател султан Сулејман и неприкосновената Хурем Султан.

Патот на робинката до тронот и сите интриги и завери со кои ќе се соочи во грандиозниот харем на султанот е главното сиже на серијата која стана една од најпродаваните и најпопуларни на сите времиња.

Од понеделник до петок во 16.20 часот на Алфа – “Величествениот” со титл.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Турската убавица Седа Бакан откри дека е трудна

Успешната турска актерка која во 2014 година стапи во брак со музичарот Али Ерел, во …

error: Содржината е заштитена!