Почетна / МК Сцена / Фото | Пепа Димитрова подготвува спот за новата песна од „Макфест“

Фото | Пепа Димитрова подготвува спот за новата песна од „Макфест“

Пепа Димитрова објави фотографии од снимањето на нејзиниот нов спот. Се работи за видео запис за песната “Длабоко”, која премиерно ќе биде изведена на овогодинешниот “Макфест”.

Се снима на повеќе интересни локации, а како режисер се потпишува Зоран Зонде Стојановски. Димитрова речиси секогаш песните ги промовира заедно со спот, како едно комплетно аудио-визуелно доживување за публиката.

Спотот за “Длабоко” ќе биде промовиран следната недела, а пред тоа, песната премиерно ќе биде изведена на втората фестивалска вечер на Макфест, во сабота, под реден број 18.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јане Славов со преработка на најголемите румба хитови на Џипси Кингс

Еден од најхаризматичните млади вокали на нашата сцена, Јане Славов, заедно со енергичните музичари од …

error: Содржината е заштитена!