Почетна / МК Сцена / Видео | Нов сингл на групата Љубојна со ведрина на латино клаве ритам

Видео | Нов сингл на групата Љубојна со ведрина на латино клаве ритам

После 12 студиски албуми и две винил изданија, прославувајќи ја 20 годишната кариера, бендот “Љубојна” повторно се ребрендира, одржувајќи го својот курс во популарната музика. Овој пат со новата песна “Јас и ти” на Вера Милошевска, со која песна Вера со голем успех навлегува и во кантавторските води.


Новиот сингл носи ведрина на латино клаве ритам, воздишки на летни љубови и мириси на липи и жешки калдрми. Музиката и текстот се на Вера Милошевска, аранжманот на Оливер Јосифовски, а продуцент е Мите Димовски студио “Тра ла ла”.

Песната беше изведена во живо на нивниот последен концерт во 2019 година, за сега да ја најават нејзината студиска реализација.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерт „Звуците на Македонија“ – 13.6.2026 на Школка во парк

Оваа сабота 13.6.2026г., со почеток во 13:30 часот, на Школка во Градскиот парк ќе се …

error: Содржината е заштитена!