Почетна / Телевизија / АВМУ: Телевизиите Телма и Алсат го прекршија изборниот молк

АВМУ: Телевизиите Телма и Алсат го прекршија изборниот молк

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) соопшти дека  при проверка на начинот на известување на радијата и телевизиите за време на изборниот молк констатираше дека телевизија Телма и телевизија Алсат-М го прекршиле истиот објавувајќи аудиовизуелни материјали за носител на функција во органите на власта кој воедно активно учествуваше во кампањата на еден учесник  во изборниот процес.

– Согласно Изборниот законик, за време на изборниот молк, медиумите не смеат да објавуваат какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои се открива идентитетот на политички субјекти и/или поединци вклучени во инциденти или неправилности на денот на гласањето; како и изјави од кандидати во изборниот процес, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта, соопшти АВМУ.

Агенцијата најави дека ќе поднесе барања до надлежниот суд за покренување прекршочни постапки против двете телевизии.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Реакција од ААВМУ: Спортските Арени се емитуваат законски

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги отфрла како неточни и неосновани наводите на …

error: Содржината е заштитена!