Почетна / Серии / Мексиканските „Приказни од самракот“ и на Сител за викенд ноќи

Мексиканските „Приказни од самракот“ и на Сител за викенд ноќи

Мексиканската трилер серија по емитувањето на МТМ и локалните телевизии, сега и на Сител, секоја сабота и недела во 23.30 часот. 20 епизоди, 20 возбудливи “Приказни од самракот” секој викенд на Сител.

Што може да направи една жена кога ќе се најде киднапирана oд непознати луѓе и одведена во најмрачните студени одаи? Какво е чувството да се биде соочен со смртта и да знаеш дека можеш да преживееш, само и само ако ги убиеш другите заложници?

Заледува ли крвта кога ќе се разбудиш во морничава хотелска соба, не знаејќи како си стигнал дотаму, и како можеш да излезеш одтаму? Може ли една обично вечерно излегување со пријателите да ти се претвори во најбизарниот кошмар? И кој стои зад сето тоа и со која цел? Кој сака да се забавува со вакви свирепи злосторства?

Адреналин од опасните ситуации во кои ќе се најдат обичните луѓе е она шта ќе го понуди оваа трилер драма. Кога сонцето ќе зајде, месечината ќе ги навести најстрашните приказни од самракот. 23.30 часот, мексикански трилер “Приказни од самракот”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судот во Јапонија пресуди дека АИ не смее да го клонира гласот

Живееме во време кога вештачката интелигенција (ВИ) може да го копира секој наш детаљ, но …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!