Почетна / Серии / По „Кујна“, ТВ 24 ни го носи новиот руски комичен сериал – „Гранд“

По „Кујна“, ТВ 24 ни го носи новиот руски комичен сериал – „Гранд“

По емитување на руската хумористична серија “Кујна” која стекна голема популарност секаде каде што се прикажуваше, доаѓа нејзината наследничка – серијата за хотелот “Гранд”. Од вторник до петок во 18.30 часот, телевизија 24 нѝ ја носи најновата руска продукција за згодите и незгодите на персоналот вработени во еден хотел.

Ксенија Завгороднија е студентка на Факултетот за туризам, амбициозна и наклонета кон авантури. Сака да работи во хотелиерство и еден ден да поседува свој хотел. Но, нејзината опсесивна желба ѝ пречи не само во работата, туку и во учењето. Девојката успева добро да се снајде од секоја можна ситуација, што ја доведува до тоа да побегне од својот град и да дојде во Москва.

Таму се надева дека ќе ја добие работата на рецепционерка во хотелот “Гранд”, каде работи нејзиниот роднина. Но, за почеток станува само собарка. Покрај Ксенија, се запознаваме со сопствениците и вработените во хотелот каде секојдневно ќе се случуваат интересни, непредвидливи и хаотични драматични ситуации.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Оливија“ пак на Телма – наместо премиера, реприза во прајмтајм

Пет години по завршувањето на нејзината лична голгота, Оливија успава да го среди својот живот. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!