Почетна / МК Сцена / И колегите беа дел од четврттата волшебна ноќ со Каролина во МОБ

И колегите беа дел од четврттата волшебна ноќ со Каролина во МОБ

 

Уште една вечер за паметење и уживање се случи во МОБ

 

 

Заврши четврттиот ден од концертниот маратон на Каролина Гочева. Четвртта вечер на нови емоции и нови задоволства од целата приказна наречена “Извор”.

 

 

Публиката повторно се сплоти со бендот кој маестрално ја изведуваше секоја следна композиција од новиот албум и секоја посебно одбрана од претходните етно албуми.

 

 

Во публиката повторно можеа да се видат многу познати македонски јавни личности, меѓу кои и блиските пријатели на Каролина – Елена Ристеска и Панчо ДНК.

 

 

ПРЕЈАКООО маче многу се радувам за тебе, а овој портрет го очекувам одамна 🙂 ЧЕСТИТКИ за албумот, не се сомневам дека е уникатен и едвај чекам да го чујам во живо.. ТЕ САКАМ ❤️❤️❤️

 


 

За Каролина и нејзиниот тим остануваат уште три концерти од овој маратон. 1, 2 и 3 март се датумите кои ќе ја одбележат оваа музичка историја на “Извор”, датумите кога нови лица ќе станат дел од магијата во Македонската опера и балет.

 


 

Фотографиите се дело на Stefan Rajhl.

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јане Славов со преработка на најголемите румба хитови на Џипси Кингс

Еден од најхаризматичните млади вокали на нашата сцена, Јане Славов, заедно со енергичните музичари од …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!