Почетна / Живот / Основачот на Facebook, се ожени

Основачот на Facebook, се ожени

Каков викенд за шефот на Фејсбук, само ден откако неговата компанија излезе на берза со пазарна вредност поголема од сто милијарди долари, тој се ожени со својата долгогодишна девојка Присила Чан.

 

 

За да го избегнат медиумското внимание и фотографите, парот се одлучи на прилично необична церемонија, па за венчавката претходно не ги известиле ниту познаниците, ниту медиумите, туку пријателите ги повикале на прославата по повод дипломската на неговата девојка. Со оглед на тоа дека прославата е организирана во куќата на Марк никој и не претпоставувал дека се повикани на венчавка и останале изненадени кога виделе дека Присила носи венчаница.

Веста и фотографијата од венчавката на Марк Цукерберг се објавени на неговиот профил на Facebook.

 

 

 

Goce | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Промовирана детската книга „Магичната флејта на Вулфи“ од Тина Иванова

На 21 февруари во книжарницата „Литература“ во „Дајмонд мол“ се одржа промоција на втората од …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!