Почетна / Серии / Телма со реприза во прајмтајм на македонската „Ах, љубов моја“

Телма со реприза во прајмтајм на македонската „Ах, љубов моја“

 

Македонска романтична комедија на Телма

 

 

“Ах, љубов моја” е филмска адаптација на познатата македонска театарска претстава. Филмот е снимен оваа година, а пред две седмици беше прикажан на телевизија Телма како серијал од неколку продолженија во 7:40 часот наутро. Она што е интересно е што од понеделник, Телма ќе ја емитува серијата репризно и тоа во прајмтајм, во 20 часот и 40 минути.

 

 

Накратко, “Ах, љубов моја” е приказна за позната поп пеачка Сузан, која по успешната турнеја низ Турција и емотивните проблеми предизвикани од раскинувањето на долгогодишната љубовна врска, доаѓа во еден хотел да се одмори во мир и тишина, далеку од јавноста и новинарите.

 

 

Меѓутоа, во хотелот се појавува нејзиниот поранешен љубовник Селпин, кој сака да се збогува со неа, по што се тргнува наопаку. Изненадувачки средби, неочекувани личности и ситуации, кои на крајот сепак ќе завршат со среќен крај.

 

 

Во главните улоги настапуваат Нина Деан, Атанас Атанасовски, Александар Микиќ, Марија Кондовска, Соња Стамболџиоска.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доку серијал за животот на познатите светски ѕвезди на ТВ 24

Ова лето на ТВ 24 премиерно емитување на документарниот серијал “Биографии”. Занимливости од животот на …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!