Почетна / МК Сцена / Трагична вест – почина диригентот Саша Николовски – Ѓумар

Трагична вест – почина диригентот Саша Николовски – Ѓумар

 

Замина уште една легенда, почивај во мир !

 

Уште едно големо име ја напушти македонската сцена, сосема неочекувано. Почивај во мир, Саша Николовски – Ѓумар. Беше беше познат македонски диригент и добитник на награди за врвни музички остварувања и достигнувања.

 

 

Роденво Битола во 1966 година, Саша Николовски е еден од најдобрите македонски диригенти. Во 1995 година го формирал оркестарот за современа музика „Синтезис“. По неговите студии во Русија, во 1996 започнал редовна соработка со Хорот и Оркестарот на ФМУ во Скопје, Младинскиот камерен оркестар на Музичка младина на Македонија, Македонската опера и балет, Македонската филхармонија, Македонскиот камерен оркестар иансамблот „АЛЕА“, настапувајќи на Охридско лето, Хераклејски вечери, Мајски оперски вечери, Прилепско лето и Штипско лето.

 


 

Во 1999 магистрирал со највисоки оцени на Академијата „Панчо Владигеров“ во Софија, каде што учел оркестарско диригирање со Васил Казанџиев и оперско диригирање со Боби Хинчев. За неговата работа со ансамблот за современа музика „Св. Софија“, во 2001 година е добитник на наградата „Георги Божиков“ за најдобра изведба на фестивалот „Денови на македонска музика“.

 


 

Саша Николовски настапувал во Унгарија, Романија, Бугарија, Австрија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора. Од 1998 на Факултетот за музичка уметност предаваше хорско и оркестарско диригирање, Оперско студио и група предмети од областа на диригирањето.

Вечна му слава!

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јане Славов со преработка на најголемите румба хитови на Џипси Кингс

Еден од најхаризматичните млади вокали на нашата сцена, Јане Славов, заедно со енергичните музичари од …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!