Почетна / Серии / Третата сезона од „Ханибал“ премиерно на Сител за викенд

Третата сезона од „Ханибал“ премиерно на Сител за викенд

 

Сабота и недела во 23.30 часот на Сител телевизија

 

Во викенд ноќите по последните вести, Сител телевизија ќе ја емитува третата, неприкажана сезона од психолошката трилер серија “Ханибал”. Првите две сезони беа емитувани лани на истата фреквенција, а од почит кон гледачите, Сител телевизија ја откупи и третата и последна сезона од оваа популарна серија.

Еден од најфасцинантните литературни ликови се враќа на телевизиските екрани : психијатар кој се претвора во сериски убиец, Др. Ханибал Лектер. Во оваа нова драма на генијалецот Брајан Фулер („Pushing Daisies“, „Heroes“) базирана врз ликовите на класичните романи на Томас Харис, видовме каде и како започна оваа неверојатна приказна.

 

 

За потсетување, приказната се врти околу Вил Грам, кој е надарен за откривање кривични профили и заедно со ФБИ го ловат серискиот убиец кој демне низ градот. Уникатниот начин на размислување на Вил му дава зачудувачка способност да се соживее со секого – дури и со психопатите.

Се чини дека тој знае што е тоа што ги тера сериските убијци да убиваат. Но кога умот на мистериозниот убиец кој го бара е премногу комплициран дури и за сфаќањето на Вил, тој бара помош од Др. Лектер, еден од најврвните психијатарски умови во државата.

 

 

Здружен заедно со чудната експертиза на брилијантниот доктор (познат како сериски убиец, само на гледачите), Вил и Ханибал ќе формират брилијантно партнерство и изгледа дека нема злосторник кој не може да го фатат. Но само кога Вил би знаел…

Фантастично приспособеното сценарио надополнето со одличната екипа на чело со Мадс Микелсен, кој го толкува ликот на Ханибал Лектор, нема да остави никого рамнодушен. Доколку имате слаб стомак, бидете внимателни, хорор елементите во серијата се визуелно моќно прикажани, а на моменти дури и гадни. Не очекувајте дека Ханибал Лектор ќе биде истиот лик од филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“ од 1991 година, кој го толкуваше Ентони Хопкинс.

 

 

Овој пат тој е уште пострашен, а морници ќе ви поминуваат низ телото додека ја гледате неговата морничава појава и неговото бесчувствително лице. Мрачен лик кој едноставно ќе ве „јаде“ однатре. Ова е серија која го заслужува вашето внимание и во последнава финална сезона на Сител телевизија.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Викенд репризa на аргентинската серија „Маргиналец“ на МТВ 1

Петок, сабота и недела по 23 часот, МТВ 1 ќе репризира уште еден полициски процедурал. …