Почетна / Забава / Денеска започнува „Пролетниот Вино Фест“ 2016

Денеска започнува „Пролетниот Вино Фест“ 2016

 

Денеска во 18:00 ќе започне петтиот по ред „ Пролетен Вино Фест“, а ќе го отворат „Акустик Дивижн“. Веднаш по нив ќе настапи Влатко Илиевски, а за крај свој концертен настап ќе има Игор Џамбазов.  Посетителите пет дена ќе имаат можност да уживаат во чашка добро вино од најдобрите македонски винарии и да дегустираат гурмански деликатеси и мезиња од македонски произведувачи. Влезот како и секоја година ќе биде бесплатен, а местото на одржување традиционално е просторот пред „Веро Центар“ во Скопје. Во деновите кои следуваат, се до крајот на викендот, Скопје ќе доживее уште едно одлично винско-гастрономско доживување. Доколку сте љубители на убаво македонско вино, ова е настан кој ќе ви ги разбуди сите сетила. 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хуманитарен концерт на виолинистот Роман Симовиќ и институтот „ФЕЈМС“

На 29 април, во камерната сала на Македонската филхармонија, ќе се одржи хуманитарен концерт со …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!