Почетна / Забава / Фото | Твитерџиите се соблекоа за третиот Твитер календар

Фото | Твитерџиите се соблекоа за третиот Твитер календар

 

Промоција на Твитер каледнарот за 2016-та година ќе се одржи оваа сабота (12.12.2015-та) во „Јавна соба“, со почеток од 20 часот. Сакајќи да се продолжи традицијата на овој календар, годинава, седуммина храбри момци и девојки од Твитер заедницата имаа ентузијазам да се разголат пред објективот на фотографот Ѕвонко Плавевски , раскажувајќи ја приказната за своето алтер его.

 

 

Истовремено ќе биде одржана и продажна изложба на фотографиите кои се застапени на календарот, додека собраните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели. Првото издание на Твитер календарот се случи пред три години со мисија да се подигне свеста за навремено откривање на ракот на дојката, додека второто издание имаше цел да испрати позитивна порака за сексуалното здравје и образование.
 
 
 
 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Flowers Symphony“ повторно во Битола и Охрид со повеќе од 100 учесници

Еден од највпечатливите музички проекти на Оркестар DIVA, „Flowers Symphony“, и ова лето ќе ѝ …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!